Hotel Ipek Palas ****

Hotel Ipek Palas ****

Во Hotel Ipek Palas**** престојувате во прекрасно декорирани соби со климауред и традиционален мебел. Сите соби располагаат со минибар, сателитска програма и сопствена бања. Некои од собите располагаат и со дневен простор. Секое утро хотелскиот ресторан ве кани на домашен мармалад, тестенини како и свежо овошје и зеленчук. Тука може да ги вкусите и традиционалните турски специјалитети. Од терасата на хотелскиот ресторан, кој се наоѓа на 6 тиот спрат од хотелот, може да уживате во панорамскиот поглед на Босфор.
Хотелот се наоѓа на само 10 минути оддалеченост од Hagia Sophia и палатата Topkapı. Оддалеченоста од Taksim е 3,4 км, а до Голем Пазар 1.2 км. Вработените во хотелот Ви стојат 24 часа на располагање.

Пакет цени

Број на ноќевања 2 ноќевања 3 ноќевања
Цена по лице 134 € 149 €

Програма:
1. ден (четврток/петок) Скопје - Истанбул Поаѓање за Истанбул во утринските часови од аеродромот во Скопје Александар Велики. Пристигнување во Истанбул и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и можност за разгледување на градот. Ноќевање.

2/3 ден Истанбул Појадок. По појадокот слободно време за одмор и релаксација. Можност за индивидуална посета и прошетка низ Истанбул: Римскиот аквадукт, Таксим, Ак Сарај, Бајазитовата Џамија, Универзитетот, Хиподромот, Сината Џмија, Света Софија, Топ Капи, палатата Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманската Империја. Враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3/4 (недела ) ден Истанбул - Скопје Појадок. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.

Во цената е вклучено:
- Повратен авионски превоз Скопје – Истанбул - Скопје
- 2/3 ноќевања нa база ВВ (ноќевање со појадок)
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром
- Туристичка такса

Во цената не е вклучено:
- Аеродромски такси: 50 €
- Патничко и здравствено осигурување
- Индивидуални програми


НАПОМЕНИ:
- уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- важат општите услови за патување на ТА Сафари
- агенцијата поседува А лиценца со број 13-5233/2